Американскиот актер Вили Гарсон, најпознат по улогата на агентот за таленти Стенфорд Блач во серијата „Сексот и градот“, почина на 57-годишна возраст, објави неговиот син.

Гарсон беше познат и по улогата на измамнкот Мози во телевизиската серијата „White collar“, а до неодамна заедно со екипата работеше на спин-оф серијата на „Сексот и градот“ чија премиера е наскоро.

Причината за неговата смрт не е откриена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.