Актерот Милан Мариќ, кој маестрално го толкуваше ликот на легендарниот Тома Здравковиќ во филмскиот хит „Тома“, признава дека за улогата се подготвувал темелно и внимателно и дека често разговарал со Новица Здравковиќ, братот на Тома, за да собере што повеќе информации.

Му ги украл златните заби на татко му. Требаше да оди за Лесковац и затоа му ги зеде златните заби на татко му и ги стопи за да ги продаде како злато… Тоа е една анегдота што ни ја кажа Новица. Јасно ви е каков лик беше, изјави Милан Мариќ во емисијата „Пароброд“.

Инаку, Мариќ неодамна откри дека поради улогата на легендарниот пејач морал да научи и да пее.

Не сум навикнат да пеам и никогаш не сум го правел тоа пред овој филм. Имав малку страв како ќе се справам. Жељко Јоксимовиќ многу ми помогна со совети, па навистина пеев во сите сцени, не блефирав! Подоцна во монтажата се вклучи и гласот на Ацо Пејовиќ, кој тоа го направи феноменално, откри актерот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.