Со голема радост и посветеност, актерката Јана Стојановска и нејзиниот свршеник, кошаркарот Андрија Бојиќ кој игра за МЗТ, ја планираат свадбата, која ја закажаа за во јуни во еден белградски хотел. По една година откако се запознала со Бојиќ, Јана вели дека не е нервозна пред големиот настан туку сосема растеретена, и во исчекување нејзината сестра, актерката Ана Стојановска да ѝ ја организира моминската вечер.

За Женски магазин, Јана ја раскажа љубовната приказна со кошаркарот и сподели детали за свадбениот ден.

Со Андрија лично се запознавме на 13 април минатата година. Беше петок, источен петок Балаклија. Претходно си имавме разменето по некој збор на Инстаграм, тој тогаш играше во Полска.

Слушал македонска музика, евергрини, и изборот на јутјуб го донел до мојата песна „Празни зборови” што ја пеевме во дует со Влатко Илиевски. Така решил да ми пише, тоа беше некаде декември. Потоа неверојатно, сосема случајно добил „прекоманда“ во МЗТ Скопје во април минатата година. Ми пиша дека е во Скопје и дојде на претстава. И толку беше. Судбинска приказна раскажува Јана. Таа вели дека не може на кусо да раскаже што сѐ ѝ се допаѓа кај Андрија.

Пред свадбата, која ќе биде во јуни во хотелот „Југославија“ во Белград, Јана вели дека никогаш до сега не замислувала каков треба да биде овој ден за неа.

Целото интервју на следниов линк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.