Во Скопје живеев до 7-годишна возраст. Матка ми е омилено место во Македонија. За жал, во Скопје нема да дојдам на премиерата на ‘Black Widow’, но ќе дојдам потоа…, раскажува Симона Живковска.

Филмот „Black Widow“ или „Црната вдовица“, работен според стриповите на Marvel, го очекува светска премиера на 9-ти јули 2021.

Главниот лик го глуми фаталната холивудска убавица Скарлет Јохансон, а интересно е што во филмот се појавува и една Македонка, која дури има и реплика на македонски јазик (репликата е при крај на видеото).

Станува збор за младата Симона Живковска, родена 24 јуни 1994 година, која нѐ направи горди пред светот.

Но, која е Симона?

На прашања од фановите на својот Инстаграм профил таа одговараше на разни теми меѓу кои околу тоа кое ѝ е омилено место во Македонија и до колку години живеела тука.

Факти кои Симона ги откри за себе:

„Во Скопје живеев до 7-годишна возраст.“

„Матка ми е омилено место во Македонија.“

„За жал, во Скопје нема да дојдам на премиерата на ‘Black Widow’, но ќе дојдам потоа.“

„Омилена македонска песна ми е Џингрлака џикица (од Сузана Спасовска).“

„Покрај од Македонија, потекло имам и од прекрасен мал карипски остров кој се вика Сент Мартин.“

„Во хороскоп сум Рак.“

„Живеам во Лондон.“

„Сѐ уште немам работено на македонски филм, но баш би сакала да ме контактира некој продуцент.“

„Имам 3 миленици, кучиња.“

„Навистина би сакала да имам средба со фановите во Македонија кога ќе дојдам.“

 

извор: Црно бело

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.