По хит филмот „Тома“, доаѓа и истоимената серија. Зоран Лисинац, еден од режисерите и сценаристи, вели дека таа ќе биде поразлична од филмот.

„Серијата има осум епизоди и потемелно го следи неговиот живот и ги опфаќа сите негови жени. Во серијата ќе има 400 минути материјал“, изјави Лисинац за српските медиуми.

Серијата ќе почне да се прикажува оваа есен.

Биографскиот филм за фолк легендата Тома Здравковиќ, со Милан Мариќ во насловната улога, оствари голем успех во целиот регион. Во режија на Лисинац и Драган Бјелогрлиќ, „Тома“ го прикажува Здравковиќ на почетоците и на врвот на славата, но и како го допрел дното во приватниот живот. Филмот имаше премиера на 15 октомври.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.