Светската престолнина на филмот, градот Лос Анџелес, може да се пофали со музеи за сѐ, но досега немало ниеден посветен на киното и кинематографијата.

Затоа, по многу одложувања, следната недела ќе биде отворен Филмскиот музеј на Академијата.

Лос Анџелес конечно добива филмски музеј и крајно време беше за тоа! За Лос Анџелес е важно да го има овој филмски музеј – порача Том Хенкс додека ги поздравуваше новинарите на специјалниот настан пред официјалното отворање.

Меѓу експонатите на музејот се оригинални костими од „Дракула“, фигури од „Господарот на прстените“, „Обликот на водата“, „Војна на ѕвездите”…

Дали ни е потребен кино-музеј? Да. Затоа што треба да го славиме сѐ она што овој град му донесе на светот! – истакна Хенкс.

Директорот на музејот, Бил Крејмер истакна дека целта на музејот е да бидат претставени сите меѓународни и разновидни приказни за снимањето филмови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.