Неверојатно е што ми се случуваше тие 14 дена, вели босанскиот актер Емир Хаџихафизбеговиќ кој во утринската програма на Н1 зборуваше за своето искуство со коронавирусот.

По добиените два негативни теста и победата над вирусот, тој болеста ја спореди со пекол.

Поминав пекол. Вториот тест ми е негативен, воспалението на белите дробови се повлече. Тоа што го поминав е еден вид на егзорцизам, имам своја теорија дека короната не е болест, туку е сатана. Неверојатно е што ми се случуваше тие 14 дена, изјави за Н1 телевизија, Хаџихафизбеговиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.