Филмот кој ја следи историјата на семејството Сопрано од периодот пред оној кој е прикажан во серијата ќе се фокусира на младиот Тони Сопрано. Режисер на филмот Дејвид Чејс потврди дека Мајкл Гандолфини, син на Џејмс Гандолфини, ќе го игра младиот Тони во ова остварување.

Како што пренесува НМЕ, дејството на филмот „Многуте гревови на Њуарк“ ќе биде сместено во шеесеттите години на дваесеттиот век, а главен лик, како и во серијата, ќе биде Тони Сопрано.

 

Ме интересираше Њујорк, животот во него во шеесеттите години на минатиот век. Како дете често одев таму со родителите, на вечери со баба ми и дедо ми. Но она што најмногу ме заинтересира е да ги истражувам детството и раната младост на Тони Сопрано, вели режисерот Чејс.

Актерот Џејмс Гандолфини, кој се прослави токму во улогата на мафијашкиот бос Тони Сопрано во серијата „Сопранови“, почина во 2013 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.