Како што пренесува Телеграф, глумицата се наоѓа во изолација во својот дом во Лондон, каде се бори против короната заедно со своите ќерки, 6-годишната Еди и 2-годишната Делајла, кои исто така се позитивни на корона.

Таа по пат Зум открила како се чувствува.

“Ќе ви пречи ли доколку не ја вклучам камерата? Имам корона и се чувствувам навистина лошо”, му рекла глумицата на новинарот па открила дека нејзиниот сопруг Џејмс Рајт се фали дека тој нема симптоми.

“Тој е многу задоволен поради тоа – убеден е дека тоа е така бидејќи се капи во студена вода, а јас не го правам тоа”, рекла глумицата.

Таа открила дека примила две дози вакцина против корона, но и дека нејзините ќерки се чувствуваат подобро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.