На вчерашната филмска гала вечер во Лос Анџелес, актерот Киану Ривс на црвениот тепих прошета држејќи се за рака со неговата девојка, сликарката Александра Грант. Ова е една од ретките прилики Ривс во јавност да го изнесе приватниот живот.

Актерот (55) и 46-годишната уметничка се знаат од 2011 година, а работеле заедно на две поетски книги кои Ривс ги напиша, а Грант ги илустрираше.

Нивното појавување на црвениот тепих предизвика многу реакции во јавноста, а многу од нив велат дека на прв поглед помислиле дека станува збор за Хелен Мирен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.