Актерката Кетрин Зета Џонс, која ретко објавува семејни фотографии на социјалните мрежи, направи исклучок и објави фотографија од нејзините две деца, 17-годишната ќерка Керис и 20-годишниот Дилан.

Летото официјално заврши во нашето семејство. Денес, нашите млади се враќаат на учење. На различни начини, без преседан. Ве сакам двајцата … И порака за сите деца. Знаењето е клучот за животот. Затоа, борете се. И ова ќе помине – порача актерката под објавената фотографијата.

Објавата  доби многу позитивни коментари, а фановите беа изненадени од тоа колку децата личат на Кетрин.

„Убави деца – изгледаат исто како нивната мајка“, „Убави деца од убави родители“, „Прекрасно семејство, тој изгледа исто како неговата мајка“, се некои од коментарите под објавата.

Семејството неодамна се врати од одмор во Мајорка, а Кетрин и Мајкл Даглас се подготвуваат да ја прослават 20-годишнината од бракот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.