Кејт Мидлтон беше главната ѕвезда синоќа на премиерата на новиот филм за Џејмс Бонд „Не е време за умирање“ (No Time to Die) во Лондон со златната тоалета на Џени Пекам. Во стилот на божица, со деколте, драматична наметка и светкав материјал- го украде вниманието на медиумите и ги засени актерките кои глумат во филмот, дури и на елегантниот Даниел Крег кој ја игра последната улога на тајниот агент 007.

По традиција, кралското семејство не ја пропушта премиерата на најпознатиот агент во светот, чии кадри се снимани и во Англија, во студиото „Пејнвуд“. Синоќа, Кејт беше во друштво на принц Вилијам и принцот Чарлс и Камила.

Во „Нема време за умирање“, Бонд ја напушти активната служба и ужива мирен живот во Јамајка. Неговиот мир е краткотраен кога неговиот стар пријател Феликс Лајтер од ЦИА се појавува и бара помош.

Во режија на Кери Фукунага, во филмот играат Крег, Рами Малек, Леа Сејду, Лашана Линч, Бен Вишау, Наоми Харис, Кристоф Валц и Ралф Фајнс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.