Славната холивудска актерка Кејт Хадсон пристигнала во српската престолнина да го снима филмот „Нож во грб“ заедно со Даниел Крег, кој исто така веќе извесно време е во Србија.

Добро скриена под маската, Кејт Хадсон во четвртокот попладне прошетала низ центарот на Белград, купувала во продавници, а се согласила и со насмевка да се фотографира.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marija Djurovski (@marijadjurovski)

Хадсон влегла во еден локал во Белград, веројатно не помислувајќи дека некој ќе ја препознае под маската. Меѓутоа, вработените и сопственичката на локалот веднаш сфатиле за кого станува збор, па настанал вистински метеж и желба за фотографирање, што актерката со задоволство ја прифатила, па дури и поразговарала со нив.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.