Филмот „Кажи ми дека сме за стварно“ на македонскиот студент Максим Илковски е победник во категоријата најдобар студентски филм на фестивалот Cine Sepia Reels Carneval во Индија.

Ова е прва награда за Илковски и неговата филмска екипа, со која филмот го подготвуваа за време на пандемијата во 2020 година.

Филмот ќе учествува и во официјалната селекција на фестивалите:
Liber Films International Festival 2023 – Одржан во Шпанија
Hercules Independent Film Festival 2023 – Одржан во Атина
KineNova 2023 – Oдржан во Скопје
Кино Мирно лето кинотека 2021 Скопје



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.