Американските служби се уште се во потрага по актерката Наја Ривера, која исчезна на езерото Пиру во Јужна Калифорнија. Полицијата верува дека 33-годишната sвезда од серијата „Glee“ се удавила, бидејќи нејзиниот четиригодишен син е пронајден сам на бродот со кој сами пловеле.

„Glee“, која се емитувеше од 2009 до 2015 година, своевремено собра доста награди и признанија, е една од најпознатите американски серии за тинејџери.

Ова не е прва трагедија поврзана со актерите од телевизискиот хит.

Баш во јули пред седум години, главниот актер Кори Монтејт беше пронајден мртов во неговата соба во Ванкувер. Како што покажа обдукцијата, тој се предозирал.

Монтејт беше во врска со својата колешка од серијата, Лиа Мишел.

Една година по оваа несреќа, исто така во јули, беше пронајдено телото на момчето на една од главните актерки.

Триесет и петгодишниот Мет Бендик, сопственик на ноќен клуб и момче на Бека Тобин, беше пронајден мртов во еден хотел во Филаделфија, каде што бил на службен пат заедно со неговата девојка.

Дополнително, актерот Марк Сејлинг, кој беше фатен со детска порнографија, за што се изјасна виновен, но пред да ја дочека својата затворска казна, се самоуби во јануари 2018 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.