Актерот Игор Первиќ, почина после долга борба со ракот во 52 година од животот. Игор отворено зборувал за своите пороци, проблемите со дрога.

Пред неколку години откри дека веќе со 13 години влегол во пеколот на дрогата, од кој излегол со помош на родителите, балерината Лидија Пилипенко и драмскиот критичар Мухарем Первиќ. Се лекувал во престолнината на Велика Британија, а на неговитое блиски воопшто не им било лесно поради неговите проблеми.

Отидов во Лондон на детоксикација и за 24 часа под анестезија ми ја променија крвта, ги извлекоа сите отрови и ми ги блокираа центрите во мозокот за да не можам да почувствувам нешто ако повторно земам дрога – зборувал Первиќ.

Успел да се извлече од канџите на дрогата, но тешката болест го скршила. Имал рак. Актерот е пронајден утринава во 8.30 во својот стан.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.