Младата и светски позната Јана Стојановска, не само што е успешна на театарските штици, туку често ја гледаме и на големото филмско платно.

Јана во Бекстејџ, откри што ја прави среќна. Тоа се ситниците, како кога во продавница ќе наиде на службеник кој е расположен. Ја прават среќна и животните и луѓе кои сакаат животни.

Открива дека се плаши од разделби и верува во љубов и после неверство.

Некогаш мислам дека е потребно да се случи неверство, за да ја зацврсти врската – вели таа.

Алкохол не пие, иако во минатото имала пијанства. Првото пијанство воопшто и не го памети и пиела вотка

Водејќи се од нејзините, по сценарио напишани секс сцени по филмовите, таа откри дека ужива во сексот и приватно. Се согласи дека сексот за една вечер е одлична работа и дека „онаа работа“ ја имала на многу чудни места, меѓу кои издвои дека неколку пати имала секс на отворено додека ја гледале соседите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.