Џина Лолобриџида жртва на помладото момче. Нејзиниот поранешен возач и сегашен менаџер, Андреа Пјацола (32) е обвинет дека ја крадел славната италијанска актерка и дека од нејзините пари купил 300.000 евра вредно „ферари Ф12“, а за „форд шелби ГТ“ дал 100.000 евра. Тој ја оштетил актерката за повеќе од 3 милиони евра. Како што тврдат, ѝ ја одзел куќата и двата мали хотели покрај Шпанските скали во Рим.

Ја изолирал актерката од пријателите и семејството за да ја ограбува, го обвини италијанскиот суд. Пјацола парите ги префрлувал во помали износи од 2013. до 2018 година на сметка која ја водел по името на својот татко, пренесуваат светските медиуми.

Членовите на семејството на Џина Лолобриџида и претходно го обвинувале Пјацола дека ја поткраднува актерката, но холивудската филмска легенда го бранела.Сега обвинението против Пјацола го потпишала римската обвинителка Елеонора Фини, обвинувајќи го дека ја искористил нејзината ментална состојба за да ја ограбува.
Инаку, Андреа Пјацола почнал да работи за актерката кога имал 24 години, прво како шофер, па секретар и на крајот менаџер. На разни свечености се појавувале заедно, рака под рака, па наголемо се шпекулирало за нивниот однос.

Лолобриџида во последното интервју рекла дека Пјацола само ја следи на настаните, зашто знае англиски, на местото на нејзиниот син Милко Сковиц Јуниор.

Милко Сковиц, синот на Лолобриџида и неговиот син Димитри се единствените нејзини наследници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.