Екипата на филмот „Некогаш во Србија“ го прекина снимањето на филмот во Лесковац во неделата откако беше утврдено дека член на филмската екипа, познатиот актер Иван Бекјарев, бил позитивен на ковид-19.

Според упатствата на Институтот за јавно здравје Лесковац и процедурите пропишани од Филмскиот центар на Србија, а според Европската конвенција за спречување на болести, ние веднаш го прекинавме снимањето, изјави координаторот на продукцијата на филмот Жарко Бојаниќ.

Тој додаде дека во следните денови ќе се следи здравствената состојба на членовите на филмската екипа, особено на оние кои имале директен контакт со болниот актер.

Иван Бек­ја­рев (70) е срп­ски филм­ски и те­а­тар­ски актер со ма­ке­дон­ско по­тек­ло.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.