Турската хит серија “Истанбулската невеста“ која руши рекорди на гледаност во нашата земја, е снимена според вистински настан. Иако серијата започнува кога истанбулската невеста Суреја доаѓа во Истанбул и се мажи за познат богат Турски бизнисмен Фарук, почетокот на оваа приказна започнува многу порано. Името на вистинската Истанбулска невеста е Улку Уст (Ülkü Üst Sarpkan). Улку е родена во 1955 година, а Суреја не и било вистинското име, туку Улку Уст.

Улку Уст се запишала во средно училиште во Истанбул, но таа не можела да ја потисне својата страст кон музиката, па многу брзо го напушта училиштето и се зачленува во Музичкото здружение “Румели“ каде што зема часови од познати музички звезди. Таа мора да работи за да преживее, па се запослува како продавачка во една мала локална продавничка за облека.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.