Актерката која ја глуми Суреја од Истанбулската невеста страда од дислексија, но и покрај сите предизвици таа не се предава.

Асли Енвер е една од омилените актерки во Турција, а нејзиниот лик на Суреја во серијата „Истанбулска невеста“ е една од нејзините најголеми улоги во кариерата. Таа има 35 години и веќе е меѓу најпопуларните турски актерки на сите времиња.

Родена е во Лондон каде живеела се додека не наполнила дванаесет години, па потоа се преселила во Турција.

За популарната актерка искачувањето на престолот не беше лесно, бидејќи актерката се бори со дислексија, па и треба малку подолго за да го научи секој текст. Но, таа научи како да се справи со предизвиците! Нејзината мајка и помогнала во сè.

Мајка ми ме праша дали сакам да се занимавам со уметност. Избрав глума. Тоа не ми изгледаше така лошо. Таа ме испрати на курс. Значи, да, мајка ми ми помогна – рече актерката во една прилика. Се разбира, како што пораснав и се едуцирав, така и моето мислење се промени. Денес, не ја гледам дислексијата како главен животен проблем. Само е отежнувачка околност да се справиме, а вистинските проблеми се болест, сиромаштија или губење на некој близок – рече таа во интервјуто пред неколку години.

Што се однесува до нејзиниот љубовен живот, Асли има еден неуспешен брак зад себе со колегата Биркан Сокулуа. Таа сега е во врска со музичарот Мурат Боз, кој ја остави пред свршувачка, но таа му прости и реши да му даде уште една шанса.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.