Славната српска актерка Наташа Нинковиќ (48) вели дека не може да си дојде на себе по веста дека педагогот Мика Алексиќ ги силувал своите малолетни ученички.

Читам и не ми се верува. Вознемирена сум… Секоја ѝ чест на Милена на храброста.

Навистина храбро. Не можам ниту да замислам низ што поминала. Како да гледам лош филм, не можам да се приберам. Пострашно ми е што жртвите никогаш не молчат цел живот. Кога тогаш ќе проговорат. Тоа е болен процес, низ кој минуваат тие луѓе. Колку што е страшен самиот чин, страшни ми се и овие прашања што молчела до сега, вели Нинковиќ.

Таа вели дека го познавала Мика Алексиќ.

Го познавав и шокирана сум затоа што… ни на крај памет…. Знам луѓе кои имаат добри искуства со него. Мене лично не ми одговараше неговиот метод, но тој никогаш не го криел начинот на кој им приоѓа на децата. Точно се знаеше како прави. Мене лично не ми се допаѓаше никој освен јас и сопругот да имаме толкаво влијание врз нашите деца. 

Затоа Наташа никогаш не ги пратила децата во школата на Алексиќ.

И тој и жена му делуваа како фини луѓе, образовани, со кои има за што да направиш муабет… Знам многу колеги на кои им беше буквално духовен водач. Затоа и ми е шокот толку голем, вели таа за Телеграф.

Наташа се слушнала со Милена и ѝ дала поддршка.

Фала ѝ за сите наши деца и идните деца и некои поранешни жртви. Го почитувам нејзиното право и сега треба да ја оставиме на мир.Милена е многу добра и сериозна девојка, на која сигурно ѝ требало многу сила за да направи вакво нешто. Секоја чест, вели актерката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.