Во Конгресниот центар во Варна беше отворено 39. издание на Фестивалот на бугарски игран филм „Златна роза“. По официјалната церемонија по првпат пред бугарската публика беше прикажана копродукцијата меѓу Бугарија и Македонија „Само луѓе“ (превод од „Хомо“ – оригиналниот наслов на македонски) на познатиот македонски режисер Игор Иванов-Изи.

Во рамките на фестивалот во Варна ќе се прослави 30-годишнината од формирањето на Националниот филмски центар на Бугарија.

Пред неколку дена, филмот на Иванов беше претставен на тековниот филмски фестивал во Софија, во Националната палата на културата (НДК). Неговото претставување во киното Лумиер, го проследија многу гледачи, меѓу нив и познати претставници на културната елита и странски дипломати во Бугарија.

На крајот на Софискиот филмски фестивал, во Куќата на киното ќе биде прикажан филмот на познатиот македонски режисер кој работи на релација меѓу Балканот, Европа и САД Милчо Манчевски – „Пред дождот“, кој се закити со „Златен лав“ во Венеција во 1994 година, а беше номиниран за Оскар во 1995 година за најдобар филм на странски јазици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.