Холивудската актерка Кристина Еплегејт ги извести своите бројни обожаватели дека има сериозен здравствен проблем.  Кристина на својот Твитер профил напиша дека боледува од мултиплекс склероза.

Здраво пријатели. Пред неколку месеци ми беше дијагностицирана мултиплекс склероза. Беше чудно патување, но имав голема поддршка од луѓе за кои знам дека ја имаат истата болест. Тоа е тежок пат. Но, колку што знам, патувањето продолжува. Освен ако некој не го блокира – изјавила актерката во својот прв твит.

Потоа напиша уште еден мејл во кој ги замоли сите обожаватели да ѝ дозволат да ја има својата приватност додека минува низ овој тежок период.

Како што кажа еден од моите пријатели со МС – Морам да дадам сѐ од себе и да ги преземам работите во свои раце. И тоа го правам. Затоа сега барам приватност. Додека минувам низ ова. Ви благодарам на сите.“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.