Харви Вајнстин, еден од најмоќните луѓе во Холивуд, е прогласен за виновен во случајот на сексуален напад што пред две и пол години го покрена движењето #MeToo.

Шеесет и седумгодишниот Вајнстин, за чие предаторско однесување во Холивуд се знаело со години, но се молчело, е прогласен за виновен по две обвиненија: силување од трет степен и криминален сексуален чин од прв степен. Сепак, тој е ослободен за најсериозните обвинувања: предаторски сексуален напад и силување од прв степен.

Тој треба да се соочи со обвинувањата за силување и сексуален напад врз две жени во 2013 година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.