Непосредно пред првата годишнина од бракот на холивудскиот актер Ричард Гир и неговата трета сопруга Алехандра Силва, брачната двојка ќе го добие првото заедничко дете.

Веста за бременоста е откриена уште во август, четири месеци по свадбата, а 35-годишната Алехандра сега гордо го покажа своето трудничко стомаче.

Третата сопруга на Ричард Гир на својот инстаграм-профил објави фотографија на која позира пред огледалото во бањата во тесен црн фустан, што уште повеќе го истакнува нејзиното трудничко стомаче и под неа на шпански јазик напиша: „Многу сум среќна”.

Гир ја започна врската со убавата публицистка уште додека беше во брак со Кери Лоуел. Но, тоа не го спречи да ја „освои” 33 години помладата Алехандра Силва, ќерка на Игнасио Силва, поранешен финансиски потпретседател на „Реал Мадрид“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.