Рути Томпсон, која работеше во студиото „Волт Дизни“, како цртачка во тн. „Оддел за цртање“, во „златниот период“ на компанијата за анимација, починала во сон во својот дом во Вудланд Хилс, Калифорнија, САД, во неделата. Томпсон имаше 111 години.

Првиот долгометражен цртан филм кој го содржи нејзиниот труд е „Снежана и седумте џуџиња“ (1937). Потоа работела и на „Пинокио“ (1940), „Фантазија“ (1940), „Дамбо“ (1941), „Заспаната убавица“ (1959), „Мери Попинс“ (1964), „Аристокатите“ (1970), „Робин Худ“ (1973)…

Томпсон работеше во компанијата „Дизни“ речиси 40 години, а се пензионираше 1975 година, по завршувањето на работата на „Спасувачи“ (кој беше издаден 1977).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.