Американскиот актер Џејмс Мајкл Тајлер, најпознат по улогата на Гантер во култната серија „Пријатели“, почина на 59-годишна возраст по долга борба со ракот. Починал мирно, во неговиот дом во Лос Анџелес, наведе во соопштението неговиот менаџер.

Тајлер неодамна за „Денес“ ја сподели своето искуство со болеста.

Ми дијагностицираа напреднат карцином на простата, кој се прошири на моите коски. Се занимавам со таа дијагноза речиси три години. Сепак, тоа (сега) е 4. фаза – рак во доцна фаза, па на крајот, веројатно и ќе „ме победи“ – изјави Тајлер.

Актерот бил третиран со хормонска терапија и прво сѐ одело добро. Но, потоа, болеста ги зафатила и коските, и ‘рбетот. Тоа довело до параплегија, т.е. парализа на долниот дел од телото.

Според неговите лекари, кога доцна ќе се дијагностицира, има многу мали шанси овој вид рак да биде излекуван.

Зад себе, Тајлер има 40 филмски и ТВ-проекти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.