По освоениот Гран При на 69от Меѓународен Филмски Фестивал во Берлин, филмот „Милост Божја“ ќе се најде и на редовниот репертоар на нашите кина. Филмот кој е првенствено замислен како документарец, но потоа сепак е завршен како игран филм, е работен на вистинска приказна за страшните настани и премолчувања на црквата околу сексуалните злоставувања во Лион.

Филмот ги следи животните приказни на тројца возрасни луѓе – Алекс, Франсоа и Емануела, нивните трауми и долгогодишната борба со самите себе. По една случка која ќе предизвика лавина од лоши сеќавања, ќе започне борбата против суровите злодела од минатото. Споредувајќи ги своите лични трауматични искуства, хероите на приказната, ги преиспитуваат своите животи низ љубовна, семејна и професионална перспектива.

Франсоа Озон (1967) е француски филмски режисер и сценарист чии филмови специфично се карактеризираат со значајна сатира и слободоумен поглед на човечката сексуалност. Ова негово остварување се одвојува од карактеризациите на претходните дела заради осетливоста и свежината на случаите кои ги раскажува.
Наградуван за филмовите „8 жени“ (2002) и „Базен“ (2003), Озон го сметаат за еден од нај важните режисери на „новиот бран“ на францускиот филм.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.