Филмот „Во срцето на машината“ на режисерот Мартин Макариев во кој игра и познатиот македонски актер Игор Ангелов, е предлогот на Комисијата за избор на бугарската номинација за учество на конкурсот за меѓународен игран филм на 95. доделување на наградите Оскар на Американската филмска академија, соопшти Националниот филмски центар на Бугарија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, со комисијата за избор на бугарски филм за Оскар претседаваше првата бугарска актерка номинирана за Оскар во американскиот филм „Борат 2“ во режија на Саша Барон Коен – Марија Бакалова.

Ангелов последниве години има успешна филмска кариера во Бугарија и е најпознатиот македонски актер во Бугарија. Игор Ангелов во публикацијата на бугарското издание на престижното кино списание „Космополитен“ беше дефиниран како „нежниот џин кој ги освои нашите срца“ што се однесува на бугарската филмска публика.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.