Американската актерка, Дакота Џонсон, која се прослави со улогата на Анастасија Стил во филмскиот серијал „50 нијанси сиво“ работени според книгите на британската авторка Е.Л.Џејмс, искрено проговори за својата борба со депресијата.

Дакота, која е ќерка на познатите актери Дон Џонсон и Мелани Грифит, откри дека уште од тинејџерски години води борба со депресијата. Во телевизиско шоу „Шоуто на Дру Баримор“; кое го води нејзината колешка, актерката Дру Баримор, Дакота откри дека уште како 14-годишна девојка одела на психотерапии поради овој проблем.

Веројатно ќе морам да одам на терапии до крајот на животот, но тоа е во ред, бидејќи да учиш како да бидеш човек, всушност никогаш не престанува. Благодарна сум на психологијата, бидејќи навистина ми помага. Имам среќа што сум опкружена со луѓе пои постојано ме поттикнуваат да се отворам, да проникнам во конренот на проблемите и подлабоко да се истражувам самата себеси – вели 31-годишната актерка додавајќи дека во тек на локдаунот поради пандемијата интезивно се посветила на интернетските третмани за психологија за да ја држи под контрола својата депресија.

Актерката која овие денови го промовира својот најнов филм „Нашиот пријател“ во кој глуми покрај Кејси Афлек и Џејсон Сигел, сите ги насмеа кога откри дека го користела името на Џорџ Клуни за да добие резервации во рестораните. Кога дознал за тоа славниот актер, не се бунел.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by D.J ♡ (@dakotaaami)

Дакота Џонсон веќе некое време е во среќна врска со Крис Мартин, фронтменот на Колдплеј и поранешен сопруг на Гвинет Палтроу.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.