Ѕвездата на филмот „Сам дома“, Меколи Калкин и неговата девојка, актерката Бренда Сонг, на 5 април го добија своето прво дете.

Меколи и Бренда добија син кој го нарекоа Дакота по сестрата на актерот, која почина во 2008 година.

Пресреќни сме – велат двајцата за „Екваер“, соопштувајќи и на јавноста за приновата во семејството.

Бренда и Меколи се запознаа пред неколку години кога работеа на филмот „Changeland“ и брзо влегоа во врска. Кратко време потоа почнаа и заедно да живеат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Brenda Song (@brendasong)

Меколи своевремено зборуваше и за плановите за потомство, постојано шегувајќи се.

Многу вежбаме. Смисливме, времето успеа. Бидејќи ништо не ве возбудува повеќе од тоа кога вашата дама влегува во собата и вели: „Душо, јас овулирам“ – изјави Меколи своевремено.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.