Ѕвездата на легендарниот хорор филм „Прстен“, 40-годишната јапонска aктерка, Јуко Такеучи, e пронајдена мртва во нејзиниот стан во Токио.

Полицијата почнала истрага, а според пишувањето на медиумите, оваа наградувана актерка, мајка на две деца, најверојатно извршила самоубиство.

Телото на актерката го пронашол нејзиниот сопруг, исто така актер, Таики Накабајаши, а лекарите во болницата можеле само да ја констатираат нејзината смрт.

Такеучи беше позната актерка во Јапонија, а најпозната нејзина улога е во јапонскиот хорор филм „Рингу“ од 1998 година.

 

Таа се здоби со светска популарност во 2018 година, играјќи во серијата „Мис Шерлок“ во продукција на ХБО.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.