Миленикот на милиони жени низ целиот свет, актерот Џорџ Клуни, денес полни 59 години. Тој е вториот човек во светот што се најде на насловната страница на американското списание „Вог“. Првиот беше Ричард Гир. Пет пати одел на кастинг за улогата на Џејмс Дин во филмот „Телма и Луиз“, но улогата, сепак, му беше доделена на Бред Пит и токму таа го прослави меѓу холивудските славни личности во 1991 година.

Пред неколку години, Клуни рече дека никогаш нема да се ожени и нема да има деца, а актерките Мишел Фајфер и Никол Кидман, сепак, се обложија со него дека до 40 години тој ќе биде татко. Тоа не се случи, па ѕвездите му дадоа по 20 000 долари, пари кои тој ги донираше во добротворна организација.Првиот брак на Џорџ Клуни со актерката Талија Балсам. Траеше од 1989 до 1993 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.