Американскиот актер Џеф Бриџис преку „Твитер“ во јавноста објави дека му е дијагностициран малиген лимфом. 70-годишниот добитник на „Оскар“, во стилот на култната улога од „Големиот Лебовски“ соопшти дека започнал со лекување и терапија.

Како што би рекол Батката: Се појави ново срање! Ми дијагностицираа рак на лимфниот систем. Иако е сериозна болест, се чуствувам среќен што имам одличен тим на доктори и дека прогнозите се добри. Почнувам со третман и ќе ве известувам за моето опоравување, напиша Бриџис и се заблагодари на сите пораки со поддршка кои ги доби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.