И актерот Игор Џамбазов е дел од новата детска серија „Дајте музика“ која се снима во моментов. Џамбазов го изгра ликот на Макс Мастермајнд.

Прекрасно е да си дете барем на неколку часа. Штета што пораснавме, вели Џамбазов.

 

Досега снимени се снимени се нови триесет епизоди од серијалот „Дајте музика“, а овојпат автори на сценариото се Лазар и Цаци Паковски, а Македонската радиотелевизија се потпишува како копродукција заедно со продукцијата „Рифенштал“. Најголем дел од протагонистите се од актерската школа на Весна Петрушевска, која воедно е инструктор по актерска игра во проектот. Серијалот е во режија на Лазар Паковски и Владимир Митревски. Емисијата повторно ќе изобилува со многу музика и нови хитови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.