Во петок на 10 мај 2024 година, со почеток во 20:00 часот, во Кинотека на Македонија ќе биде прикажан документарниот филм „Австралија, Австралија“ на Столе Попов.
„Австралиија, Австралија“ на Столе Попов е еден од најпрепознаените документарци во југословенската и македонска кинематографија. Филмот го одразува животот на македонските иселеници и печалбари во Австралија. Со нивното заминување во далечната земја, во туѓина, некои од нив успешно се социјализираат, а некои, пак, постојано остануваат со дилемата за своето враќање.
Филмот е добитник на наградите:
1976 ФЈДКФ, Белград, Гранд При „Голем златен медал“ за Столе Попов
1976 ФФ, Тузла, Награда од публиката
1976 Годишна награда од списанието „Млад борец“
1976 Југословенски кандидат за Оскар
1976 13-Ноемвриска награда за тонската обработка на Глигор Паковски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.