Момчето што сите го паметиме како малиот Лук Скајвокер од „Војна на ѕвездите – Епизода 1 – Фантомска закана“ од 1999 година, Џејк Лојд, кој некогаш важеше за голема детска ѕвезда, вчера наполни 32 години, но со оглед на тоа што од 2015 година се наоѓа во психијатриска болница, нема многу причини за славење. Улогата која ја одигра на свои 9 години му донесе популарност и слава, а тие, пак, му донеле само проблеми во животот.

Филмот разочара многу обожаватели на популарната франшиза, поради што и го малтретирале Лојд во училиште.

Потоа, во 2001 година го снимил филмот „Мадисон“, а потоа се повлекол од глумата.

Освен во „Војна на ѕвездите“, забележлива улога остварил и во комедијата „Луди божиќни ѕвона“ од 1996 година, инаку божиќен филм со акциониот јунак Арнолд Шварценегер.

Џејк бил уапсен во 2015 година поради тоа што возел без возачка дозвола, не застанал на црвено светло и уште се противел при апсењето, поради што завршил во затвор 10 месеци.

Од затвор бил преместен во психијатриска установа, каде што му била дијагностицирана шизофренија. Кратко излегол во 2019 година, но странските медиуми пишуваат дека на 5 март оваа година, својот 32-ри роденден, сепак, го дочекал на психијатрија.

Актерот во 2018 година се соочил со загубата на помладата сестра Медисон која починала во сон од природна смрт, на 26 години. Мајката на Џејк рекла дека нејзината смрт го скршила целото семејство, особено нејзиниот син.

Неколку години претходно се пишувало дека Лојд ја нападнал својата мајка, но таа не сакала да поднесе пријава против својот син, бидејќи тогаш не бил на лекови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.