Кантавторката Били Ајлиш (18) ја доби честа да ја напише и да ја испее песната за 25. продолжение на Џејмс Бонд „No Time to Die“, пишува Гардијан.

Така Били ќе стане најмладата која направила аудиозапис за познатата франшиза.

Лудо е да се биде дел од тоа во секој поглед. Голема чест е да се биде во состојба да се направи тематска песна за филм кој е дел од толку легендарен серијал. „Џејмс Бонд“ е најдобрата франшиза што постои. Уште сум во шок“, рекла Били.

Продуцентите на филмот велат дека нејзината песна е беспрекорно изведена и усогласена со емоционалната приказна на филмот.

Режисерот на филмот, Фукунага, изјави дека е голем фан на Ајлиш и на нејзиниот брат.

Нивната креативност и талентот се неверојатни и не можам да дочекаат публиката да слушне што подготвија. Ова е нова перспектива чиј вокал ќе одекнува во следните генерациите“, рече Фукунага.
Били Ајлиш.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.