Познатата холивудска глумица Селма Хајек откри дека била на работ на смртта од коронавирусот, и оти „лекарите ја замолиле да оди в болница затоа што била многу болна“, а таа не ги послушала. Во својот прв есеј за „Њујорк тајмс“, Хајек пишува и за малтретирањето од страна на продуцентот Харви Вајнстин, кој, според наводите, ја уценувал со сексуални услуги и „физички ја исфрлил“ од забавната индустрија, заканувајќи ѝ се по животот.

Критичната епизода со болеста се случила првите денови од пандемијата. Минала седум седмици дома, на кислород.

„Лекарот инсистираше да одам во болница затоа што состојбата беше многу сериозна“, вели актерката и додава: „Не, благодарам. Повеќе сакам да умрам дома“.

Последиците од болеста се замор и пад во енергијата, што таа особено ги почувствувала за време на снимањето на филмот „Куќата на Гучи“, каде глуми со Лејди Гага.

Таа, исто така, проговори и за тормозњето што го доживеала од продуцентот Харви Вајнстин.

Ми беше многу тешко затоа што решив да не бидам жртва, иако бев жртва. Морав да се уверам дека сум борец и после се, преживеав. Кога се случи ова, не знаев дека им се случило и на толку други жени. Бев во депресија со месеци. Навистина ми требаше многу време за да сфатам дека навистина преживеав и дека сум вистински борец, вели Хајек во својот напис.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.