На Меѓународниот филмски фестивал во Берлин – Берниенале од следната година ќе се доделуваат родово неутрални актерски награди, соопштија организаторите.

На фестивалот досега се доделуваше Златна мечка за најдобро филмско остварување и Сребрена мечка за режисерски и актерски остварувања, помеѓу останатото и за најдобар актер и актерка.

Организаторите изјавија дека овие наради ќе бидат заменети со Сребрена мечка за најдобра главна улога и Сребрена мечка за најдобра споредна улога.

Извршната директорка на фестивалот, Маријет Рисенбек и уметничкиот директор Карло Катриан наведуваа во соопштение дека „родовото неодвојување на наградите претставува сигнал за поголема родова сензитивност во филмската индустрија“.

Наградата Алфред Бауер, која го носи името на основачот на фестивалот ќе биде трајно повлечена, поради откритија за соработка на Бауер со нацистите.

Фестивалот ќе биде одржан од 11 до 21 февруари 2021 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.