Ангела Несторовска од „Сектор филм“ е дел од овогодинешното 25-то издание на #ProducersOnTheMove кое ќе се одржува пред и за време на Филмскиот фестивал во Кан (14 – 25 мај 2024 година)
20 од најперспективните европски продуценти се избрани да учествуваат во престижната платформа за промоција и вмрежување на European Film Promotion, која оваа година слави бројни соработики со повеќе од 500 учесници од 37 европски земји, информираат од Агенцијата за филм.
Ангела Несторовска станува дел од „Сектор филм“ во 2005 година и има продуцирано филмови како „Почва“ на Алекс Цветков, „Насоки“ на Стефан Командарев кој е селектиран на Un Certain Regard во 2017 на Канскиот филмски фестивал, ко-продуцент е на „Via Carpatia“ на Klara Kochańska и Kasper Bajon и се натпреваруваат во Карлови Вари на Меѓународниот филмски фестивал во 2018, неодамна беше ко-продуцент на дебитантскиот долгометражен филм на Asimina Proedrou „Зад стоговите сено“, а моментално е во пост-продукциска фаза на „Момчето со светло сини очи“ на Танасис Неофотистос. Покрај тоа, Ангела е во пред-продукција на „Потстанар“ во режија на Marko Gjokovik, а во развој е на „A Bear for Comrade Kim“ на Ангел Апостолски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.