Ален Делон, познатиот француски актер, доживеал мозочен удар пред неколку недели, соопшти неговото семејство.

Ентони Делон изјави за АФП дека неговиот татко сега се чувствува добро и дека е под постојан надзор на лекарите во Швајцарија.

На средината на јуни, актерот бил примен во болницата поради вртоглавица и мигрена, кои веројатно резултирале со силен мозочен удар.

Делон има 83 години и важи за еден од најголемите француски актери во историјата. Тој глумеше во 80 филмови, а оваа година ја доби наградата за животно дело „Palme d’Or d’honneur“ во Кан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.