Американскиот актер Кевин Кларк, познат по улогата на тапанарот Фреди Џонс, во филмот „Училиште за рок“.

Кларк (32) возел велосипед во населбата Авондејл, Чикаго, кога на него налетал автомобил марка „хјундаи соната“, а со кој управувала 20-годишна девојка.

Полицијата и брзата помош брзо стигнале на местото од несреќата, по што Кларк бил префрлен во болница, но тешките повреди резултирале со негова смрт, два часа по полноќ.

Веста за неговата смрт го погоди актерот Џек Блек, кој глумеше заедно со него во „Училиште за рок“ и со кој останаа во добри односи.

Примив страшна вест. Кевин нè напушти. Прерано замина. Беше прекрасна личност и имаме толку многу заеднички спомени. Срцето ми е скршено и испраќам љубов до целото негово семејство – порача Блек во објава на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jack Black (@jackblack)

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.