Холивудскиот актер, Алек Болдвин, кој ненамерно уби снимателка при снимање филм, играл „руски рулет“ ракувајќи со оружје без да ги следи безбедносните правила утврдени во филмската индустрија. Ваквото обвинување се наведува во тужба поднесена против него во Лос Анџелес.
Мами Мичел, помошничка-режисерка на филмот „’Рѓа“ (Rust), на којшто беше убиена снимателката Халина Хачинс, е вториот член од филмската екипа, кој поднесува тужба против Болдвин и продуцентите. Мичел, која повикала брза помош веднаш по несреќата, изјавила дека страда од емоционален шок и други проблеми.
Случувањата што доведоа до истрелот на г-н Болдвин не се резултат на едноставно невнимание. Напротив, мислиме дека г-н Болдвин избрал да игра „руски рулет“ ракувајќи со оружјето, без да го провери – изјави адвокатката на Мичел пред новинарите во Лос Анџелес.
Тужителите сметаат оти неговото однесување и она на продуцентите на „’Рѓа“ било опасно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.