Јапонската професионална борачка и ѕвезда на реалното шоу на Netflix „Куќа со тераса: Токио“, Хана Кимура е најдена мртва.

Како што објави електронското издание на американскиот магазин Variety, засега не е позната причината за смртта на младата жена.

Меѓутоа, на социјалните мрежи се појавија информации дека Кимура во петокот на Instagram објавила снимка со нејзината мачка под која напишала „збогум“. Таа, исто така, недоамна објавила серија вознемирувачки твитови, од кои еден според превод на нејзините обожаватели содржел забелеша дека не сака „повеќе да биде човек“ во животот во кој „сакала да биде сакана“. Од некои нејзини објави, некои претпоставуваат дека веројатно била цел на малтретирање преку социјалните мрежи.

Кимура, чијашто мајка Киоко Кимура, исто така, била професионалец во борење, дебитирала во 2016 година а една година подоцна го освоила јуниорското првенство.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.