Ѕвездата на серијата „Очајни домаќинки“ Ева Лонгорија (48) е добра пријателка со познатата модна дизајнерка и „спајс“ девојка  Викторија Бекам (49). Таа зборуваше за нивното долгогодишно пријателство во интервју за магазинот „Тајмс“.

– Би сакала луѓето да знаат колку е смешна, шармантна и паметна Викторија. Мислам дека таа е нормално интровертна, но не е со мене. Неразделни сме – изјави Лонгорија.

24sata

Дуото се запозна преку поранешниот сопруг на актерката, францускиот кошаркар Тони Паркер (41), кој беше добар пријател со сопругот на Викторија Дејвид Бекам (48). Двојката се забавуваше додека Бекамови живееја во Лос Анџелес, а пријателството на двете дами траеше дури и откако актерката се раздели од Паркер во 2013 година.

– Таа е многу лојална. Нема момент кога не можам да и се јавам ако ми треба нешто – продолжи Лонгорија и додаде дека тие две често преспиваат една кај друга.

– Најчесто во викендицата на Викторија. Можеме да разговараме цела ноќ – открила таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eva Longoria Baston (@evalongoria)

Инаку, Ева е кума на ќерката на Бекам, Харпер (11), а Викторија често и дава модни совети. Викторија е заслужна за венчаницата на актерката, која таа ја носеше кога се омажи за нејзиниот сопруг Хозе Бастон (54) во 2016 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.