Српскиот пејач Милан Станковиќ пред три дена го напуштил снимањето на „Ѕвездичките на Пинк – ол старс“ по жестоката кавга со Кија Коцкар, на која во еден момент ѝ порачал „Не ти е ова Задруга“.

На Станковиќ му пречеле коментарите на Коцкар, па ја нападнал со бројни навреди, на што таа не му останала должна, по што тој го напуштил снимањето. Во текот на коментирањето на еден кандидатка, Коцкар го изнела својот став, кој воопшто не му се допаднал на Милан, па ѝ порачал да престане да глуми ѕвезда.

Милан долго време го трпи однесувањето на Кија. Меѓу нив се забележува анимозитет, а жестоката кавга се случи пред три дена во „Пинкови ѕвездички“ вели извор за „Блиц“, кој бил на место на настанот.

Пред тоа Милан и Киа беа во одлични односи, а Станковиќ беше прв кој и пружи поддршка на Коцкар да биде дел од „Пинкови ѕвездички“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.