Пред концертот во Скопје, Жељко Самарџиќ во интервју за „Република“ откри неколку детали за настапот, новиот албум и песната која премиерно ќе ја изведе во Скопје.

Доаѓате на концерт во Скопје на 16 февруари. Што и подготвивте на македонската публика? Ќе има ли некое изненадување?

 

-Концертот е на 16 февруари, а јас веќе ја навикнав публиката на моите концерти да очекува прекрасна журка од почеток до крај и да пее заедно со мене. За среќа мојот вкус се поклопува со оној на публиката и јас тоа го сметам за привилегија за еден пејач. Имам колеги кои треба да изведуваат на концертите туѓи песни за да го пополнат репертоарот. Јас навистина имам многу песни, а овој пат доаѓам во Скопје побогат за цел албум. Се разбира, подговтив една специјална песна, која за прв пат ќе ја пејам во Скопје. Досега никаде не сум ја свирел. Планот ми е таа во февруари да излезе во етер.

Дали е тоа вашата омилена песна? Имате ли омилена песна?

 

-Да, моја омилена песна е песната која сеуште не сте ја слушнале, а ќе ја изведам премиерно на концертот во Скопје. Песната се вика „Можда“ („Можеби“), а јас секогаш уживам во нови, свежи песни и се радувам кога не се само мои.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.