Познатиот актер од филмовите со боречки вештини, Жан Клод Ван Дам, ја доби главната улога во спотот за новиот сингл „Ултрарив“ (Ultrareve“ од групата „Ерон“ (AaRON). Видеото го режирала неговата ќерка Бјанка.

Според зборовите на Симон Бирет и Оливер Курзиер од „Ерон“, Ван Дам ги контактирал затоа што му требала музика за неговиот нов филм. Тогаш тие му рекле дека го завршиле снимањето на новиот албум, што го заинтересирало Ван Дам.

Жан Клод ни се јави и ни кажа колку оваа песна му значи. Ни предложи неговата ќерка Бјанка да го режира видеоспотот кој би бил снимен во Лос Анџелес. Така сонот стана реалност – велат изведувачите од бендот.

Во изработката на спотот не учествувала само Бјанка Ван Дам, туку и неговиот син Крис Ван Дам кој работел како камерман.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.